EN MK
AUSTRALIAN MACEDONIAN E-MAGAZINE

МАКЕДОНИЈА

ДАЛИ СТЕ СЛУШНАЛЕ ЗА ОХРИДСКОТО СЕЛО ТРЕБЕНИШТА?

21 January, 01:42
ДАЛИ СТЕ СЛУШНАЛЕ ЗА ОХРИДСКОТО СЕЛО ТРЕБЕНИШТА?

Селото Требеништа е познато по многу работи но ние ќе издвоиме само две од нив:  По Езерото Бобано и по Требенишката Некропола. Во Требенишката Некропла Пронајдени се доста вредни предмети но најпознати од нив се: Златната Посмртна Маска и Златните Ракавици.

Некрополата Требеништа се наоѓа југозападно од с. Горенци кое е во подножјето на планината Вишовски рид, 1,5 км. јужно од с. Требеништа, а на околу 9,5 км. северозападно од Охрид. Таа се простира вдолж магистралниот пат Охрид-Кичево-Скопје, на локалитетите Сува Чешма (Гробот), Три Чељусти и Вртуљка.

Требенишката некропола ја сочинуваат гробови кои се распространети на еден поголем простор и не се групирани на едно компактно место. Јосип Корошец овие гробови ги поделил на три групи: гробови од I до VIII од кои седум се оние кои своевремено биле публикувани од Б. Филов и еден, откриен и објавен од Вулиќ, кој исто така ги открил гробовите нумерирани од IX до XIII, т.е. оние што ја сочинуваат втората група. Во третата група се три гроба откриени од Вулиќ кои се наоѓаат околу 100 м. северно од претходната група. Слична на оваа поделба извршиле В. Лахтов и Ј. Кастелиц со тоа што гробовите ги поделиле на А, Б и Ц група. Групата А (гробовите од I до VIII) и групата В (гробови IX до XIII) се т.н. кнежевски гробови, а групата Ц - т.н. сиромашни гробови.

 

Бобано Езеро:

Бобано Езеро се наоѓа на исток од селото Требеништа на околу километар од центарот на селото и околу 10-тина километри од Охрид. Езерото е природно, настанало пред околу 50 години кога од ридот Габер каде се пронајдени златните маски, дошло до лизгање на земјиштето и се затворило коритото на потокот кој течел од Горно Поле према селото Требеништа и се вливал во каналот на река Сатеска. Езерото се протега исток-запад. Должината на езерото изнесува околу 250 метри, а ширината околу 80 метри. Максималната длабочина изнесува околу 5 метри и акумулира околу 30.000 кубни метри вода. Нивото на водата во летниот период се намалува од максимална за околу 2 метри во висина. - Езерото е рај за рекреативни риболовци и можат да се ловат крупни примероци на крап и јагула а од бела риба застапени се писа, клен, грунец, моранец, плашица како и црната балканска мрена. Дополнително Езерото е порибено со рибата од Слатинско езеро која е префрлена за да се избега еколошка катастрофа, со околу 500 примероци на крап со тежина од 300 грама до еден килограм. Автор:Дуклески Диме

извор: Шило

Коментари [1]

Aleksandar

Abe se e ok ama ova so koordinative nekako ne mi izgleda na arno ako ohrid e severozapadno od trebenista togas kako gorenci e jugozapadno nelogicki

Додади коментар


Безбедносен Код:
 Security Image  Освежи

Коментар


banner
banner
Размена
Цена
Измени
GBP 
69.405
0.3964
USD 
53.9269
0.0277
AUD 
39.1151
0.0095
JPY 
0.4774
0.0009
EUR 
61.4928
-0.0008
CHF 
54.1739
-0.0485
banner
banner
banner
banner
banner
banner