EN MK
AUSTRALIAN MACEDONIAN E-MAGAZINE

АВСТРАЛИЈА

Австралија го направи првиот пат од рециклиран отпад – ѓубре и пластични кеси

31 December, 18:05
Австралија го направи првиот пат од рециклиран отпад – ѓубре и пластични кеси

Австралиската држава Тасманија пронајде паметен начин да ја рециклира пластиката за еднократна употреба и другиот отпад од депониите за да направи нови патишта. Патот долг 500 метри надвор од градот Хобарт е направен од околу 173.600 пластични кеси и амбалажи, како и од 82.500 стаклени шишиња собрани од депонии.

За да се направи асфалтот беа искористени околу 5.900 кертриџи од печатачи и повеќе од 33 тони рециклиран асфалт. Ова е првиот ваков пат во австралиската држава. Патот беше направен со цел да се намали загадувањето на животната средина.

 

Доколку се пресмета колкава количина пластика е употребена за овој пат, тоа е количина еквивалентна на пластичен отпад од две години. Доколку се покаже успешно, веројатно ќе го применат истот на други патишта.

Иако производо е поскап од традиционалниот асфалт, на долг рок ќе испадне поевтина алтернатива затоа што се очекува да трае 15% подолго од обичните патишта. На изградбата на патот владата на Тасманија соработуваше со градежната компанија Downer и со компаниите за рециклирање Close the Loop и RED Group.

Image result for asfalt

Концептот за пластични патишта не е нов. Во Индија, на пример, една фабрика за рециклирање собира стари рибарски мрежи и од нив прави материјал кој се додава во асфалтот за да го направи поотпорен.

извор: Шило

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
 Security Image  Освежи

Коментар


banner
banner
Размена
Цена
Измени
GBP 
69.405
0.3964
USD 
53.9269
0.0277
AUD 
39.1151
0.0095
JPY 
0.4774
0.0009
EUR 
61.4928
-0.0008
CHF 
54.1739
-0.0485
banner
banner
banner
banner
banner
banner