EN MK
AUSTRALIAN MACEDONIAN E-MAGAZINE

ИСТОРИЈА

Горанците се исламизиран дел од македонскиот народ кои се уште ја негуваат традицијата

02 October, 18:00
Горанците се исламизиран дел од македонскиот народ кои се уште ја  негуваат традицијата

Горанците се населени во регионот Гора, триаголник Република Македонија, Косово и Албанија. Тие се дел и од македонскиот народ и се со  муслиманскавероисповест , која зборува на свој дијалект, Горанскиот како дел од периферните западни македонски дијалекти од западното наречје. Во Гора според статистиките живеат околу 7.000 Горанци

Сите Горанци се муслимани. Исламизирани се во текот на владеењето на Отоманската империја на Балканот. Најголемиот притисок се забележува после 1690 година кога започнува поголема забележителна селба на населението на балканските простори под притисок на Османлиите. Иако Горанците се муслимани, тие сепак ги задржале обичаите за прослава на најголемите христијански празници.

Најголем празник на Горанците е Ѓурѓовден. Тука најголем дел завзема култот на вегетацијата. Имено жените од селото уште во раните утрински часови одат во полињата и планините и собираат гранки од дрвата со кои после се китат дворовите, куќите и добитокот. Овој обичај е истотака забележан и во целиот полошки крај. Рано наутро се носат децата на ладните извори и се замиваат со вода и се протрлува лицето со насобраните гранки.

Најинтересно е тоа што Горанците го слават и Божиќ на свој начин. Тие на самиот ден готват пченка и потоа ја делат на соседите. Со гранки од брест се китат влезните врати и просториите каде што се чува добитокот. И на крајот се замесува божиќен колач во кој се става метална паричка и дака се дели помеѓу домашните. Кој ќе ја најде паричката, се смета дека ќе го следи цела година среќа. Овој обичај е потполно идентичен со православниот македонски божиќен обичај.

Со самиот факт дека целиот регион Гора е надостапен и ридско-планински, тука жителите имале тежок и сиромашен живот. Сиромаштија условувала на печалбарство, а отсуството на мажите било мета на арнаутските банди, особено на познатото племе Љумани, кое пустошело во регионот на Гора и Полог. Поради притисокот од Љуманите, а и од Турците населението постепено почнало да се исламизира. Првото поголемо исламизирање е забележано за време на големата селба на словенско население на Балканскиот полуостров во 17 век. Последниот забележан христијанин е извесна Баба Божана која починала во 1856 година.

Постои и верзија дека Горанците пред исламизацијата биле Богомили и дека ги снашла истата судбина како Бошњаците, односно полесно потпаднале под налетот на менување на верата.

 

извор: Шило

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
 Security Image  Освежи

Коментар


banner
banner
Размена
Цена
Измени
GBP 
69.405
0.3964
USD 
53.9269
0.0277
AUD 
39.1151
0.0095
JPY 
0.4774
0.0009
EUR 
61.4928
-0.0008
CHF 
54.1739
-0.0485
banner
banner
banner
banner
banner
banner