EN MK
AUSTRALIAN MACEDONIAN E-MAGAZINE

МАКЕДОНИЈА

И ШОФЕРОТ НА ДУРМО ШТО ВОЗЕЛ СО 99 НА ЧАС ДОБИ 30 ДЕНА ПРИТВОР

14 March, 22:45
И ШОФЕРОТ НА ДУРМО ШТО ВОЗЕЛ СО 99 НА ЧАС ДОБИ 30 ДЕНА ПРИТВОР

И шоферот на Дурмо кој го возеше автобусот во кој загинаа 15 души 39 повредени, девојка без нозе… Маноил доби 30 дена притвор како еден од осомничените што ја предизивкаа несреќата во Ласкарци. судот му одреди притвор и на возачот на автобусот на „Дурмо Турс“ за автобуската несреќа на автопатот Скопје-Тетово кај Ласкарци, во која загинаа 15 патници.

Претходно мерка притвор им беше одредена и на сопственикот и на раководителот на компанијата. За уште три лица се прифатени мерки за претпазливост. -Постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за определување мерка притвор за шест лица и мерки за претпазливост за едно лице, кои денеска беа спроведени во судот, судија на претходна постапка по произнесување на лицата како и ценење на фактите и доказите приложени во предлогот , донесе решенија со кои : За Д.Б. Р.М. и М.Т го прифати предлогот на обвинителството и им определи мерка притвор во траење од 30 дена заради постоење на основите од член 165 ст.1 т. 1, 2 и 3 од ЗКП. За И.Ѓ. , Г.Д. и Ј.Б. го одби предлогот на обвинителството за определување мерка притвор со тоа што на И.Ѓ. и Г.Д им определи мерка куќен притвор, заради постоење на основите од член 165 ст.1 т. 1, 2 и 3 од ЗКП, додека на Ј.Б. му определи мерки на претпазливост и тоа Одземање на патан исправа а, Забрана за напуштање на живеалиштето односно престојувалиштето, Обврска повремено да се јавува на службено лице во судот и Забрана за вршење на работни активности. За В.Г. го прифати предлогот на обвинителството за определување мерки за претпазливост. Против овие решенија, странките имаат право на жалба, се вели во соопштението на Судот.

извор: Шило

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
 Security Image  Освежи

Коментар


banner
banner
Размена
Цена
Измени
EUR 
61.4913
0
USD 
54.4075
0
GBP 
71.5931
0
CHF 
54.693
0
JPY 
0.4935
0
AUD 
38.6179
0
banner
banner
banner
banner
banner
banner