EN MK
AUSTRALIAN MACEDONIAN E-MAGAZINE

МАКЕДОНИЈА

„Вориа“: Северна Грција „крвари“ од казината и ниските цени во Македонија

18 November, 19:21
„Вориа“: Северна Грција „крвари“ од казината и ниските цени во Македонија

Речиси 15 илјади жители на северна Грција секој викенд ја посетуваат Гевгелија за да се коцкаат и шопинг, што предизвикува голема загриженост кај промоторите и претприемачите во регионот.

Ова го пишува економскиот портал „Вориа“, истакнувајќи дека Грците од северниот дел на земјата премногу често ги посетуваат трите казина во близина на границата што „ја турка на коленици локалната економија на пограничните области во северниот дел на Грција“.

Локалните медиуми често пишуваат за Грците кои се забавуваат во казината во Гевгелија и при тоа одморот го поминуваат во Македонија. И „Вориа“ овој пат нагласува дека илјадници Грци секој викенд одат во трите казина, а престојот во Гевгелија го користат и за шопинг, но и за да наполнат бензин, кој во Македонија е поевтин.

За грчкиот граничен премин Евзони кон Македонија, секој викенд карактеристични се колони возила после 18 часот. Според податоците од полициската станица на Евзони, од 2009 година наваму, секој петок границата ја поминаваат најмалку пет до шест илјади луѓе, додека во сабота тој број изнесува осум илјади патници.

Посетители на казината во Гевгелија се пред се жители на Кукуш и Солун, а евидентирани се дури и земјоделци од Лариса, кои откако ќе добијат субвенции, веднаш одат да се коцкаат.

Според „Вориа“, северна Грција ја зафаќа „феноменот Македонија“ со многу привлечни цени, што претствува дополнителен терет за економијата на Кукуш, кој е тешко погоден од економската криза. Десетици бензински пумпи се затворени, затоа што не можеле да се натпреваруваат со цените во Македонија, а во исто време, се повеќе мали компании го преместуваат својот бизнис во нашата земја.

Нова, како што ја нарекува порталот „загрижувачка појава“ е тоа што многу пензионери од Кукуш и околните села ги напуштаат своите домови и изнајмуваат станови во Гевгелија каде плаќаат 100 евра со вклучени струја и греење.

Претседателот на стопанската комора на Кукуш, Тоникиди за „Вориа“ изјавил дека грчките претприемачи не се во можност да се натпреваруваат со екстремно ниските цени во соседна Македонија.

- Карактеристично е тоа што во последните три години над 200 мали и средни претпријатија, главно од индустријата за облека и производство, ја напуштиле областа и се преселиле во Македонија, информира Тоникиди.

Текстовите на оваа тема, секогаш предизвикуваат бурни рекации од читателите, кои коментираат дека „таквите Грци се предавници и наместо парите да ги трошат во својата земја, тие избираат да ги богатат скопјаните“.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
 Security Image  Освежи

Коментар


banner
banner
Размена
Цена
Измени
EUR 
61.4913
0
USD 
54.4075
0
GBP 
71.5931
0
CHF 
54.693
0
JPY 
0.4935
0
AUD 
38.6179
0
banner
banner
banner
banner
banner
banner