EN MK
AUSTRALIAN MACEDONIAN E-MAGAZINE

МАКЕДОНИЈА

Ефто Пупиноски: ''Срам да им е на Охриѓани ниту еднаш не ме поканиле да им ја испеам Лихнида Кајче Веслаше''

05 January, 23:07
Ефто Пупиноски: ''Срам да им е на Охриѓани ниту еднаш не ме поканиле да им ја испеам Лихнида Кајче Веслаше''

Фолк иконата Ефто Пупиноски распали по фејзбук: Сите ми ги пеете песните, а ниту еднаш не сте ме поканиле да ви ги испеам хитовите: Катино моме катинке,Прости ми душо моја,Туѓа си бескрајно,Лихнида кајче веслаше.

Во целост ви го прикажуваме ФБ статусот на Ефто Пупиноски:

САМО КОЛКУ ДА СИ КАЖЕМЕ.
Вие своето го кажавте, да си го кажам јас моето.
Охриѓани мои, ја знаете ли песната Катино моме катинке? Значи ја знаете - добро.
Ја знаете ли песната Прости ми душо моја? О да, ја знаете - одлично!
А ја знаете ли песната Туѓа си бескрајно? Ја знаете и таа, извонредно.
Велите овие песни ги знае и старо и младо. 
А го знаете ли балканскиот хит Лихнида кајче веслаше, каде што се збпорува за Охридското езеро?
А бре охриѓани. А бре во живот не сте ме поканиле во Охрид - на плоштад, во оригинал да ви ги испеам сите овие и уште толку други мои хитови. Што ќе беше, што луѓе бевте?
На тој ваш плоштад во тој ваш Охрид други пејачи од Македонија и од надвор ви ги пејат моите песни, ама бледо, неквалитетно.
Помина скоро пола век,а вие не ја разбравте вредноста на таа „ЛИХНИДА“.хитот кој ве спомнува и ве величи кај балканскиот граѓанин, хитот кој само по себе си има некоја мала улога во рекламирањето на вашиот туризам. И замислиете, јас не ви се лутам. Објективно вие немате капацитет тоа да го разберете. Многу ми е жал што ви направив толку убава песна. И уште нешто, тоа „охриѓани мои“ е грешка. Никогаш не сте биле мои.
ЕФТО ПУПИНОСКИФотографија на Efto Pupinoski II.

извор: Шило

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
 Security Image  Освежи

Коментар


banner
banner
Размена
Цена
Измени
CHF 
54.3745
0.1381
AUD 
38.4686
0.0329
JPY 
0.4883
0.0027
EUR 
61.4921
-0.0011
USD 
54.002
-0.1579
GBP 
70.9661
-0.3056
banner
banner
banner
banner
banner
banner