EN MK
AUSTRALIAN MACEDONIAN E-MAGAZINE

МАКЕДОНИЈА

Во Шутка жителите успеа да фатат киднапери на деца

29 January, 01:15
Во Шутка жителите успеа да фатат киднапери на деца

Вечерва лица со автомобил без регистрации  пристигнале во општината. Неофицијално, биле препознаени од еден жител кој пред некој ден буквално од нивни раце го земал детето на неговите соседи. Откако помислил дека ги препознал, почнал да вика и огромен број на жители се собрале веднаш околу осомничените.

Жители на Шутка ја контактирале  медиуми во екот на напнатите случувања вечерва. Ни кажаа детали од случувањата изминативе денови и денес. Двете лица за кои има сомневање дека и вечерва дошле во општината за да киднапираат дете, биле држени од жителите додека да дојде полицијата. Првиот дел полицајци, не биле доволни да се справат со испаничените и револтирани родители, па дошло засилување.

Како што ни соопштија жителите, дури кога дошло многу полиција, двете лица биле извадени и однесени од толпата.

-Кога полицијата ги заштити киднаперите од нас и ги повлече со нив, тука остана нивниот автомобил. Денес, како и минатите пати кога беа забележани овде, возеа џип без регистрација. Кога го отворивме автомобилот останавме во ужас. Внатре имаше само предни седишта. Задните беа извадени и таму најдовме лопата и копач, раскажа вознемирен жител од Шутка.

Од МВР со сосема поинаква верзија на настанот:Фотографија на Radzo Iseni.

-Денеска 28.01.2019 околу 17:20 часот на ул. Индира Ганди во Шуто Оризари малолетничка наводно видела дека непознати лица насилно внеле женско лице во комбе, но не знаела за кого станува збор. Таа тоа му го кажала на возрасен маж, кој пријавил во полиција. Се собрала поголема група граѓани и во тој момент наишло возило во кое имало три лица, од кои двајца полициски службеници од ПС Чаир, кои не биле на работа. Насобраните ги нападнале лицата кои биле во возилото и тие се пренесени во болница за укажување на лекарска помош. До овој момент нема пријава за исчезната девојка од ниту едно семејство. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР 

извор: Шило

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
 Security Image  Освежи

Коментар


banner
banner
Размена
Цена
Измени
EUR 
61.4913
0
USD 
54.4075
0
GBP 
71.5931
0
CHF 
54.693
0
JPY 
0.4935
0
AUD 
38.6179
0
banner
banner
banner
banner
banner
banner