EN MK
AUSTRALIAN MACEDONIAN E-MAGAZINE

СВЕТ

Преку Фејсбук за само два дена го пронашла биолошкото семејство

18 November, 20:51
Преку Фејсбук за само два дена го пронашла биолошкото семејство

Една од позитивните страни на живеењето во дигиталното време секако е и лесна поврзаност со целиот свет, а совршен пример за тоа е и случајот Елизабет Бојс од градот Саутпорт во американската сојузна држава Индиана.

Имено, Елизабет која е посвоена пред 29 години, за само два дена успеа да ја пронајде својата биолошка мајка преку Фејсбук.

Во изјава за телевизијата Еј-Би-Си таа рече дека отсекогаш знаеле оти е посвоена, но никогаш сериозно не размислувала да контактира со родителите, се додека нејзината сестра која исто така е посвоена, не ги пронашла своите биолошки родители пред две години.

- Ме инспирира. Отсекогаш сакав да ја пронајдам биолошката мајка, но имав прекрасно детство и се двоумев. Не сакав да го нарушам мирот, затоа што дел од мене стравуваше од тоа какви ќе бидат разултатите од потрагата, изјави Елизабет.

Но, откако на телевизија видела приказна за една жена која ги пронашла родителите, решила и таа да преземе нешто.

На Фејсбук страницата „Бетсис Биолоџикл Џрни“ напишала: „Се викам Елизабет Бојс или Бетси. Родена сум во болницата „Сент Френсис“ во Бич Гроув на 29 мај 1984 година. Ја барам мојата биолошка мајка“.

Во рок од 36 часа, еден роднина, нејзината тетка и 27-годишниот биолошки брат Тоби Харди контактирале со неа и договориле средба.

- Кога првпат го видов, се чуствував како да го познавам целиот свој живот. Не можеше да верува затоа што звучев исто како и нашата мајка, изјави Бетси.

Таа засега не ја запознала својата мајка затоа што е тешко болна, но за неа многу дознала од другите членови на семејството.

Поттикната од ова искуство, Елизабет одличи да им помогне и на другите во потрага по биолошките родители.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
 Security Image  Освежи

Коментар


banner
banner
Размена
Цена
Измени
EUR 
61.4913
0
USD 
54.4075
0
GBP 
71.5931
0
CHF 
54.693
0
JPY 
0.4935
0
AUD 
38.6179
0
banner
banner
banner
banner
banner
banner