EN MK
AUSTRALIAN MACEDONIAN E-MAGAZINE

СВЕТ

Работници од Босна со свои пари му купија автомобил на нивниот сиромашен колега – секогаш се мачеше да дојде на работа

02 January, 22:36
Работници од Босна со свои пари му купија автомобил на нивниот сиромашен колега – секогаш се мачеше да дојде на работа

ВРАБОТЕНИТЕ во компанијата Турија од Бихаќ, Босна и Херцеговина, го изненадија својот колега Сеад Хоџиќ и му поклонија автомобил Фиат Пунто.

 

Сопственикот на компанијата, Мухамед Селимовиќ, откри дека неговите работници спонтано дошле до оваа идеја, и дека сите донирале пари за овој великодушен подарок, пишува „Независне новине“.

„Сеад се вработи пред една година и тој навистина е вредно и златно момче. Пред еден месец го положи возачкиот испит, но проблемот е во тоа што нема автомобил и постојано се мачи да дојде на работа бидејќи не живее толку близу”, изјави сопственикот за „Независне новине”.

 

Тој додаде дека Сеад доаѓа од големо семејство со посиромашен материјален статус и дека неговата плата им е единствениот извор на приход. „Да, автомобилот навистина е половен, но е во многу добра состојба и се надевам дека долго време ќе го служи”, заклучи Селимовиќ.

Сеада Хоџиќ беше изненаден од овој гест на неговите колеги.

„Кога дојдов на работа, ме дочека целиот колектив и на почетокот не знаев за што станува збор. Морав да одам со затворени очи, и кога ги отворив, имав што да видам. Ова е најдобриот новогодишен подарок што можев да го добијам, па дури беше врзан и со црвена панделка “, рече тој.

извор: Шило

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
 Security Image  Освежи

Коментар


banner
banner
Размена
Цена
Измени
CHF 
54.3745
0.1381
AUD 
38.4686
0.0329
JPY 
0.4883
0.0027
EUR 
61.4921
-0.0011
USD 
54.002
-0.1579
GBP 
70.9661
-0.3056
banner
banner
banner
banner
banner
banner