EN MK
AUSTRALIAN MACEDONIAN E-MAGAZINE

МАКЕДОНИЈА

Погледнете како Шарпланинецот убива волци во одбрана на стадото (ВИДЕО)

15 December, 00:56
Погледнете како Шарпланинецот убива волци во одбрана на стадото (ВИДЕО)

Шарпланинец е овчарска раса на кучe. Именуван е по планината Шара. Телото му е тешко помеѓу 55 и 70 кг. Високо е околу 75 цм, а градниот обем му изнесува 120 цм. Се карактеризира со добродушност, лојалност кон својот сопственик, дисциплинираност, брзина и адаптивност. Покажува голема приврзаност и трпение кон децата. Во минатото некои научници сметале, дека шарпланинецот потекнува од Азија, но сега најраспространето е мислењето дека потекнува планинските масиви на Македонија — Шар Планина, Кораб, Стогово, Бистра и Маврово. Според историските податоци се смета дека претците на шарпланинецот потекнуваат од Тибет, на падините на Хималаите.

Од оваа географска територија, кучињата тргнале во бескрајно патување следејќи ги своите господари. Шарпланинецот стигнал на Балканот со војската на Александар Македонски каде и се задржал, а името го добил по планината каде што највеќе е одгледуван.

Шарпланинецот прв пат е изложен е во Љубљана во 1926 година, а во 1939 година е запишан под реден број 41 во списокот на Меѓународниот кинолошки сојуз (FCI), која ги регистрира сите раси на кучиња.

Шарпланинецот се прилагодил кон суровите услови на македонските планини, во кои живее со векови. Македонската гордост, „Шарпланинецот" е надалеку познат по неговата убавина, лојалност и борбеност, а најдобар доказ дека ги оправдува овие епитети е подзаборавеното видео на кое овој пес е прикажан во неговата исконска улога - одбрана на стадата овци кои се чувале и се уште се чуваат на Шар Планина.

извор: Шило

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
 Security Image  Освежи

Коментар


banner
banner
Размена
Цена
Измени
GBP 
69.405
0.3964
USD 
53.9269
0.0277
AUD 
39.1151
0.0095
JPY 
0.4774
0.0009
EUR 
61.4928
-0.0008
CHF 
54.1739
-0.0485
banner
banner
banner
banner
banner
banner