EN MK
AUSTRALIAN MACEDONIAN E-MAGAZINE

Здравје Убавина

Мејкап совети за девојки со очила

18 November, 16:07
Мејкап совети за девојки со очила

Како да ги нагласите очите кога се затскриени зад очилата? Како да постигнете најдобар мејкап ефект и што да избегнувате доколку носите очила

Очилата во никој случај не се пречка за убаво нашминкани очи, само треба да обратите внимание на неколку нешта кои ќе ви помогнат да постигнете прекрасен изглед, а можеби ќе ви помогнат и при изборот на рамки за очила.

Бидејќи рамките сами по себе претставуваат украс на вашето лице, очите нема потреба да бидат премногу нашминкани. Малку моливче и нежна сенка се сосема доволни за дневна шминка.

Добро е шминката да одговара на бојата на рамките. Ако сте избрале рамки во боја кои се доста впечатливи, не е добро и шминката да е таква. Ако пак уживате во шминкањето и сакате да нанесете добар слој сенка на очите, одлучете се за безбојни рамки.

Маскарата е најдобро да биде водоотпорна бидејќи не остава траги на стаклата од очилата. Долгите трепки со добар слој маскара може да ја валкаат внатрешноста на стаклата, па водоотпорната маскара ќе го реши овој проблем.



Видот на стаклата е исто така поврзан со шминката на очите. Очилата за далековидност визуелно ги зголемуваат очите, а ако сте кратковидни, вашите очила визуелно ги намалуваат очите.
Ако сте кратковидни, треба да користите светли сенки за очи, и обратно, ако сте далековидни, користете потемни нијанси.

Убаво обликуваните веѓи ја надополнуваат убавината на очите, а усните на кои сте нанеле кармин со потемна боја се одличен начин да постигнете совршен изглед. Правилото е дека очите и усните никогаш не смеат да бидат нагласени истовремено. Појако нашминкани очи, нежен кармин за усни и обратно. Ако ги нагласите усните со дебел слој на кармин, тогаш фокусот ќе биде токму на усните, па ќе изгледате прекрасно со малку маскара и моливче околу очите.

 

извор: Шило

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
 Security Image  Освежи

Коментар


banner
banner
Размена
Цена
Измени
EUR 
61.4913
0
USD 
54.4075
0
GBP 
71.5931
0
CHF 
54.693
0
JPY 
0.4935
0
AUD 
38.6179
0
banner
banner
banner
banner
banner
banner