EN MK
AUSTRALIAN MACEDONIAN E-MAGAZINE

СПОРТ

Утре ќе се бие битката за Битола

18 September, 01:56
Утре ќе се бие битката за Битола

Пелистер утре го игра големото градско ракометно дерби со Еурофарм Работник. Мечот беше презакажан за утре со почеток од 18:30 часот, а тренерот на „зелено-белите“, Томе Петрески, во пресрет на истиот посака победнички старт на новата сезона.

„Амбициите ни се јасни и сакаме излез во Европа. Не беше едноставно да се состави целосно нова екипа, поради многубројните заминувањa. Се консолидираме, добро се подготвивме, одиграме доста тест натпревари, а посебно многу добивме од силните тестови на турнирот во Битола. Мислам дека сме поквалитетни од минатата сезона и со нетрпение го чекаме дебито со Еурофарм Работник. Желбата на сите ни е победа во градското дерби. Имаме двајца повредени десни бекови и не знам колку можеме да сметаме на нив. Сепак, тренираме и без левак и спремни сме за предизвикот. Со нашите навивачи како осми играч, ништо не е невозможно“, вели тренерот на битолскиот прволигаш.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
 Security Image  Освежи

Коментар


banner
banner
Размена
Цена
Измени
GBP 
69.405
0.3964
USD 
53.9269
0.0277
AUD 
39.1151
0.0095
JPY 
0.4774
0.0009
EUR 
61.4928
-0.0008
CHF 
54.1739
-0.0485
banner
banner
banner
banner
banner
banner