EN MK
AUSTRALIAN MACEDONIAN E-MAGAZINE

СПОРТ

Легендарниот Кро Кап става крај на кариерата: По последнта борба претрпев мозочен удар!

02 March, 12:21
Легендарниот Кро Кап става крај на кариерата: По последнта борба претрпев мозочен удар!

Хрватскиот ММА борец Мирко Филиповиќ денеска стави крај на кариерата, популарниот Кро Кап се реши на еден ваков чекор откако по последната броба претрпел мозочен удар.

Кро Кап овој месец се врати во „кафезот“ и триумфираше над Рој Нелсон во борбата која ја организираше Белатор. Овој дуел за жал ќе остане последен во кариерата на легендарниот Хрват, Мирко Филиповиќ денеска соопшти дека оди во пензија.

„Толку од борбите, дојде крајот, се надевам дека нема да заплчама. Следува неизбежното односно пензија“ - рече Кро Кап по напуштањето на болницата.

„Претрпев мозочен удар по последната борба, имав крварење во мозокот. Денеска излегов од болница и затоа сакав да дојдам тука и да им покажам на луѓето дека сум добро. Имав среќа, сега морам да се борам за мојот живот“.

извор: Шило

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
 Security Image  Освежи

Коментар


banner
banner
Размена
Цена
Измени
EUR 
61.4913
0
USD 
54.4075
0
GBP 
71.5931
0
CHF 
54.693
0
JPY 
0.4935
0
AUD 
38.6179
0
banner
banner
banner
banner
banner
banner